Се чека Коѕијас да „слета“ на аеродромот „Скопје“, започнува нова преговарачка рунда крајот на март
Објавено во: Македонија 05 Март, 2018
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас ќе ја посети Македонија во втората половина на март. Тој ќе има средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
За втората половина на март или почетокот на април се очекува нова рунда преговори за името со медијаторот Метју Нимиц.
-Имаме најава дека Коѕијас ќе долета третата или четвртата недела од март и со неговото доаѓање на аеродромот Скопје ќе може да направат обиди за приближување на ставовите, а преговарачкиот процес ќе продолжи под раководство на медијаторот Нимиц, рече Заев по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Заев очекува Коѕијас да ја презентира грчката нацрт-верзија за решавање на спорот со името.
-Ја очекуваме првата драфт верзија да дојде со министерот Коѕијас, така е договорено. Нека дојде, имаме право на свои коментари или било што. Ова може дапомогне, мо може и воопшто да не се разгледува, може да не буде и предмет на разговорите. Сепак, не е на одмет секој равој на идеи кои би се случиле, а би биле од помош да бидат разгледувани од која било страна ако дојдат на маса, рече Заев.