29 Април, 2024
0.0275

СЕ ЧЕКА НА ПЕТТИОТ „МИЛИЈАРДЕР“, А ПРОМЕНИ ИМА И ВНАТРЕ ВО НИВ - како се држат македонските банки

Објавено во: Финансии 22 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Откако во најголемата и најмоќната банка во земјава, Комерцијална, се случуваат промени во акционерската структура, односно најголемиот акционер, компанијата „Адора“ на Ванчо Чифлиганец ја зајакнува својата позиција достигнувајќи до капитал од 15 отсто, повторно држи да се направи анализа колку во моментов „тежат“ македонските банки. Односно, колку изнесува нивната актива, што е одраз на големината на банкарските институции во земјава.

Тие сега се 14 на број, откако минатата година пропадна Еуростандард банка, по одземањето на дозволата за нејзината работа во август минатата година.

Комерцијална банка и натаму продолжува да расте. Оваа најголема банка во земјава на крајот на март годинава, за кога се последните податоци, има вкупна актива од 2,212 милијарди евра. Ако се направи споредба со активата на таа банка три месеци претходно, кога изнесувала 2,157 милијарди евра, значи дека за еден квартал Комерцијална банка пораснала за 55 милиони евра. Банката долг период наназад ја предводи долгогодишниот прв човек Хари Костов, а од пред неколку години во неа сопственичкото учество го зацврстува градежниот магнат Ванчо Чифличанец, чија „Адора“ од поодамна купува акции, за сега да дојде до 15 проценти, и така да се наметне како сериозен играч меѓу акционерите на банката.

Инаку, Народна банка на Македонија на секои три месеци ги објавува податоците за активата на македонските банки.

По Комерцијална банка, на втората позиција е Стопанска банка Скопје, поседувана од доминантно грчки капитал, чија актива на крајот на март годинава била 1,729 милијарди евра. Кај оваа банка порастот на активата за три месеци е далеку помал од оној на Комерцијална банка и изнесува пет милиони евра. Таа банка сепак имала одличлен раст на активата од 103 милиони евра во текот на минатата година.  

Инаку, според најновите критериуми на НБМ, во групата големи банки влегуваат оние чија актива е поголема од 664 милиони евра, а такви во земјава се пет банки. Средни се шест банки, а нивната актива треба да е поголема од 166 милиони евра и помала од 664 милиони, додека, пак, сите оние банки чија актива е пониска од 166 милиони евра, влегуваат во рангот на мали банки, и такви во земјава се три банкарски институции.

Третата банка, НЛБ Банка, како што говорат бројките на НБМ, на крајот од првиот квартал од годинава имала актива од 1,610 милијарди евра, или, оваа банка која е во рацете на словенечки капитал, за три месеци покажала раст од 36 милиони евра, а одличен раст имала и на активата во цела 2020 година, за дури 137 милиони евра.

Со брзи чекори „гази“ напред и турската Халк банка, која е во подем и станува се позначаен играч на македонскиот банкарски пазар, и е на четвртата позиција. Таа банка на крајот на март годинава имала актива од 1,129 милијарди евра, а веќе од поодамна е новиот банкарски „милијардер“ во земјава, откако ја надмина активата од една милијарди евра. Ако се направи споредба со три месеци претходно, активата на Халк банка пораснала за дури 40 милиони евра, откако импресивен раст на активата од цели 156 милиони евра оваа банка имаше во текот на 2020 година.

На петтата позиција е Охридска банка, последна од големата банкарска петорка, односно од категоријата на големи банки. Нејзината актива на крајот на март годинава изнесувала 708 милиони евра, што е за 30 милиони евра помалку во однос на крајот на 2020 година. Но, оваа банка лани имаше солиден раст на активата од 49 милиони евра.

Како што е познато, Охриска банка се присоединува кон Шпаркасе банка Македонија. Во јануари годинава Надзорниот одбор на Охридска банка го одобри склучувањето на Спогодбата за присоединување на Охридска Банка кон Шпаркасе Банка Македонија. Спогодбата ќе стане полноважна по одобрувањето од Собранието на акционери на двете банки, а по добиена претходна дозвола за статусна промена од страна на гувернерката на НБМ.

Шпаркасе банка сега има актива од 442 милиони евра, што е раст во однос на три месеци претходно, и е седма по големина банкарска институција, влегувајќи во рангот на средни банки. Активата на двете банки што се спојуваат на крајот на март би изнесувала 1,150 милијарди евра. Со тоа новата банка би избила како уште една банка со актива над една милијарди евра, или, тоа ќе значи многу посилна конкуренција меѓу големите банкарски играчи на финансискиот пазар.

Инаку, Шпаркасе сега е средна банка и е на седма позиција, додека пред неа, сппред податоците од крајот на март годинава била Прокредит банка, исто така средна банка, со актива од 571 милиони евра.

Осма е УНИ Банка, чија актива е 388 милиони евра, што е раст од два милиони евра за три месеци.

Развојната банка на Северна Македонија има актива од 191 милиони евра и е деветта банка според големината.

Стопанска банка Битола достигнала актива од над 183 милиони евра, со што покажува раст од 4 милиони евра за првите три месеци од годинава, а го држи десеттото место. Додека, пак, последната средна банка е Централно-кооперативна банка, со актива од 173 милиони евра.

Како што е познато, се до август во групата средни банки влегуваше Еуростандард, чија актива лани изнесувала 155 милиони евра. Сега таа банка е ликвидирана и за неа се води стечајна постапка.

И конечно, во групата на мали банки прва е ТТК банка, со актива од дури 141 милиони евра. Оваа мала банка, исто така има одличен напредок, и во поглед на профитабилноста, и во поглед на растот. Па така, податоците на НБМ говорат дека ТТК банка само во првиот кварттал од годинава ја зголемила својата актива за дури 27 милиони евра.

По неа е Силк Роуд банка со актива од 120 милиони евра, каде има исто добар раст од 7 милиони евра, и на 14-та позиција е Капитал банка, чија актива изнесува 44,7 милиони евра.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување