06 Мај, 2024
0.0297

СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА ИСТОРИСКА СРЕДБА: Ким и Трамп се среќаваат во Ханој

Објавено во: Свет 26 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп денес пристигнуваат во Ханој, престолнината на Виетнам, каде прв пат ќе се сретнат после осум месеци.

Како што пренесуваат светските агенции, Виетнам се подготвува денес да го дочека специјалниот воз на Ким на железничката станица Донг Данг, оддалечена четири километри од границата со Кина.

Од другата страна, Трамп полетал од Вашингтон и би требало вечерва по локално време да слета на меѓународниот аеродром Нои Баи.

Трамп претходно на Твитер обајви дека тргнал за Виетнам и порача дека се радува на „продуктивниот самит“ со севернокорејскиот лидер.

Пред поаѓањето, Трамп во Вашингтон рекол дека очекува „извонреден самит“.

Ким уште на 23 февруари тргнал од Пјонгјанг со воз во придружба на високи претставници и своите влијателни сестри, за да стигне на самитот закажан за 27 и 28 февруари, јави севернокорејската официјална агенција.

Како што е претходно објавено, возот на Ким ќе патува до границата со Виетнам до местото Донг Данг, од каде до Ханој ќе продолжи со кола, поради што локалните власти најавија затворање на патиштата.

Самитот во Ханој е прва средба на двајцата лидери по историската средба во Сингапур пред осум месеци, каде ветија дека ќе работат во правец на целосна денуклеризација на Корејскиот полуостров.



Foto: AP / Evan Vucci


Можеби ќе ве интересира

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија