09 Мај, 2024
0.0529

Се најавува сет од мерки, а анализата за екстралесното гориво се уште не е објавена

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Наместо конкретни мерки за сузбивање на злоупотребите со екстралесното гориво, државата само прави анализи и се одолговлекува целиот процес.

Изедначувањето на акцизата за екстралесното гориво со дизелот како една од антикризните мерки за справување со последиците од корона кризата се зборува повеќе од еден месец, но вонредната состојба наскоро ќе заврши, а анализата на Министерството за финансии се уште не е објавена и очигледно не е целосно готова.

Која е целта и зошто се правеше анализата воопшто, ако вонредната состојба заврши и овие уредби не може да се донесат?

Зошто од Министерството за финансии прво рекоа дека анализата е готова и ќе биде јавно објавена, а прашана зошто се уште не се објавува министерката Нина Ангеловска вчера рече дека се уште чекаат некои делови од Царинската управа. Зошто ваква нетранспарентност? Дали резултатите од анализата се причина за одолговлекување?

Наместо јасна и конкретна мерка за сузбивање на долгогодишните злоупотреби, државата повеќе од еден месец одолговлекува, а очигледно под притисок на оние кои вршат злоупотреби на крајот и нема да се преземе ништо.

Да потсетиме, статистиката покажува дека годишно во нашата држава се трошат 50 милиони литри ЕЛ-1, додека за да се задоволат годишните потреби на домаќинствата потребни се не повеќе од 5 милиони литри.  Според податоците на Државниот завод за статистика само во првите три месеци од годинава се увезени вкупно 15 илјади тони екстралесно гориво.

Зошто државата и по неколкумесечни анализи наместо сузбивање на сивата економија и полнење на буџетот се однесува инертно кон овој проблем и остава сомнеж не знаеме. Досегашниот проблем со злоупотребите на „црвената нафта“ како погонско гориво ќе прерасне во уште поголем.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување