09 Мај, 2024
0.0260

Се „напумпа“ ли добивката на МЗТ Пумпи?

Објавено во: Економија 15 Август, 2017

Добивај вести на Viber

МЗТ Пумпи АД Скопје во првото полугодие од 2017 оствари добивка по оданочување од нешто над 10 илјади евра со тоа што успеа за нијанса да ги зголеми вкупните приходи кои изнесуваат 1,1 милион евра. МЗТ Пумпи губат пазарно учество во Македонија каде продажбата им е намалена за 27% во споредба со периодот јануари-јуни 2016, но од друга страна пак ја зголемиле продажбата во странство за 15% со вкупни приходи од 927 илјади евра.

Оперативните расходи на МЗТ Пумпи во првите шест месеци од 2017 година изнесуваат 1,1 милион евра и бележат намалување за 5% во однос на 2016 година. Трошоците за вработените завземаат 27,23% и изнесуваат околу 300 илјади евра што е за нијанса помалку во однос на 2016 година.

„Позитивниот финансиски резултат е резултат на напорите на менаџментот  за максимално задоволување на потребите и очекувањата на купувачите и рационализација на трошоците на работење“ велат од МЗТ Пумпи АД Скопје. 

МЗТ Пумпи АД Скопје е компанија која се занимава со производство и монтажа на пумпи, турбини, хидраулична и еколошка опрема и компресори. Производство на други пумпи и компресори. Во последните три години немаат поделено дивиденда. Книговодствена вредност на акциите на МЗТ Пумпи АД Скопје за 2016 изнесуваше 4900 денари. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?