06 Мај, 2024
0.0264

Се очекува „Windows 10“ да влијае значително на пазарот за лаптопи

Објавено во: Стил 07 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

„Windows 10“ сигурно се очекува со голем интерес од многумина - сепак станува збор за доминантната компјутерска платформа во светот, но можеби не сите се толку возбудени од неа.

Според извори на „DigiTimes“ меѓу давателите на компоненти се очекува „Windows 10“ да има повеќе влијание врз производителите и пазарот на лаптопи, отколку кај смартфоните.

Во моментов трговците предвидуваат пад во продажбата на лаптопи, бидејќи многу корисници го чекаат излегувањето на новата верзија на „Windows“, пред да го купат новиот уред, а освен тоа промените во девизните курсеви доведоа до зголемени количини на магацин што ги натерало производителите да ги ограничат нарачките.

На крајот на краиштата тие очекуваат новата платформа да се покаже меѓу одлучувачките фактори за корисниците, за да ги заменуваат старите компјутери.

Надежите за добро претставување има и за 2-во-1 производите со чипови на „Intel“ и за таблети со „Windows“, претпоставувајќи дека во втората половина на годината зголемувањето на понудата ќе биде поголема од растот кај сличните производи со „Аndroid“.