02 Март, 2025
0.0296

Се огласи Панче Тошковски: Смртта на Фросина е пропуст на системот

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

По прегазувањето на Фросина Кулакова кај „Силбо“ на булеварот Партизански одреди, се огласи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со статус на социјалните мрежи. Според министерот, зад трагедијата стои пропуст на системот, како што вели тој.

„Како министер за внатрешни работи, но пред сè како човек и како татко, не можам, а да не ја споделам вознемиреноста и револтот што деновиве го чувствуваме сите. Фросина Кулакова, млада девојка со светла иднина, повеќе ја нема, затоа што нејзиниот живот беше одземен од некој што никогаш не смеел да биде зад воланот. Ова не е само несреќа, ова е резултат на пропусти во системот што дозволува рецидивистите да останат надвор од контролата на институциите.

Јавноста со право прашува, како е можно лице кое е криминално досие, без возачка дозвола, со голем број на претходни прекршувања на сообраќајните правила, повторно да биде зад воланот? Ова не се само дилеми за дискусија, туку реален и сериозен проблем што бара конкретни и неодложни решенија.

МВР во овој случај максимално брзо и ефикасно го процесираше сторителот, тој е приведен, направени се анализи на крв и урина, обезбедени се сите релевантни докази. Но тоа не ја враќа Фросина и не го менува фактот дека системот дозволил ваков рецидивизам.

Ова е точката каде што мора да се преиспита дали постојните законски решенија се доволни? Дали воспитните мерки за сторители на сериозни дела носат резултати или само создаваат нови жртви? Дали висината на кривичните санкции за најтешките кривични дела во областа на сообраќајот е соодветна или е премногу блага за да има реален превентивен ефект?“, напиша Тошковски.

Министерот уште еднаш порачува дека интензивно се работи на воспоставување на системот „Безбеден град“.

„Годишно, повеќе од 140 луѓе ги губат животите во сообраќајни несреќи во нашата држава. Оваа бројка е неприфатлива и мора да нè натера на суштински промени.

Наша обврска како држава е да спречиме вакви трагедии. Затоа, напорно работиме на што поскоро ставање во функција на системот „Безбеден град“, кој ќе овозможи автоматско санкционирање на сообраќајните прекршувања, без селективна правда, без оправдувања, без влијание на човечки фактор. Контролата ќе биде построга, казните неизбежни. Но, ниту едно техничко решение нема да биде доволно ако правосудниот систем не гарантира соодветно санкционирање, особено за оние кои веќе еднаш покажале дека се опасност за другите.

Гневот е разбирлив, недовербата во институциите е оправдана, но ова не смее да заврши само со пишување на гневни статуси по социјалните мрежи и протести што ќе траат неколку дена. Промените мора да бидат реални. Секој во системот мора да ја понесе својата одговорност.

Искрено сочувство до семејството на Фросина“, додаде министерот.


Можеби ќе ве интересира

ИСТОРИСКА, КАТАКЛИЗМИЧНА ГРЕШКА ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА ЌЕ БИДЕ АКО ЕУ СЕ КОНФРОНТИРА СО САД! И професорката Каракамишева се огласи за Зеленски и инцидентот со Трамп

ИСТОРИСКА, КАТАКЛИЗМИЧНА ГРЕШКА ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА ЌЕ БИДЕ АКО ЕУ СЕ КОНФРОНТИРА СО САД! И професорката Каракамишева се огласи за Зеленски и инцидентот со Трамп

КАДЕ ОДИМЕ, ЗНАЕТЕ ЛИ? „Македонија нема иста позиција ниту со ЕУ земјите и лидери, ниту со администрацијата на претседателот Трамп“, вели Макрадули

КАДЕ ОДИМЕ, ЗНАЕТЕ ЛИ? „Македонија нема иста позиција ниту со ЕУ земјите и лидери, ниту со администрацијата на претседателот Трамп“, вели Макрадули

МНОГУ СКОРО СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ЌЕ ГИ ОБЈАВАМ СИТЕ СКАНДАЛИ: Петровска вели, учесници на протестот за Фросина, биле повикувани да даваат изјави

МНОГУ СКОРО СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ЌЕ ГИ ОБЈАВАМ СИТЕ СКАНДАЛИ: Петровска вели, учесници на протестот за Фросина, биле повикувани да даваат изјави

„ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА НА СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ, МАКЕДОНИЈА Е НА ПОГРЕШНА СТРАНА“: Најчевска се срамела од Владата, пратениците и голем дел од новинарите

„ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА НА СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ, МАКЕДОНИЈА Е НА ПОГРЕШНА СТРАНА“: Најчевска се срамела од Владата, пратениците и голем дел од новинарите

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН МИЦКОСКИ ВО ТУРЦИЈА: „Стратешко партнерство“

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН МИЦКОСКИ ВО ТУРЦИЈА: „Стратешко партнерство“

СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ НАЧАЛНИЦИ, НИКОЈ СООБРАЌАЕЦ: Тошковски открива каде има потреба од полицајци, а каде има превработеност

СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ НАЧАЛНИЦИ, НИКОЈ СООБРАЌАЕЦ: Тошковски открива каде има потреба од полицајци, а каде има превработеност

ЕВЕ ЗА ШТО РАЗГОВАРАА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА И РАДЕВ: Информациите ги објави кабинетот на бугарскиот претседател

ЕВЕ ЗА ШТО РАЗГОВАРАА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА И РАДЕВ: Информациите ги објави кабинетот на бугарскиот претседател

ШТО ТОЛКУ ГО НАЛУТИ КОСТАДИНОВ? Ќе побара да бидат разрешени сите членови на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал

ШТО ТОЛКУ ГО НАЛУТИ КОСТАДИНОВ? Ќе побара да бидат разрешени сите членови на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал

„ДЕТСКАВА ГРАДИНКА ВО ЕВРОПА СЕ ПРЕВРТЕ НА ГРБ И ПОЧНА НЕСРЕЌНО ДА СТРУЖЕ СО НОЏИЊАТА“: Грчева со став за средбата меѓу Трамп и Зеленски

„ДЕТСКАВА ГРАДИНКА ВО ЕВРОПА СЕ ПРЕВРТЕ НА ГРБ И ПОЧНА НЕСРЕЌНО ДА СТРУЖЕ СО НОЏИЊАТА“: Грчева со став за средбата меѓу Трамп и Зеленски