СЕ ОТВОРА НОВА ГРУПА: Администраторите на „Јавна соба“ веќе објавија
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2021
Само неколку часа
по денешните апсења на две лица, едното во Битола, а другопто во Велес, администраторите
на „Јавна соба“ најавија дека ќе
отворат нова група.
Со порака администраторите ги известуваат корисниците:
-Направена е нова група. Пишете ми во порака да вио ја пратам
Премиерот Зоран Заев денеска на својот профил на Фејсбук побара од социјалната мрежа „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“ и истовремено предупреди дека сите македонски граѓани кои споделуваат експлицитна содржина во туѓа сопственост, ќе бидат откриени и ќе одговараат.