22 Април, 2018
0.0577

Се подготвувате за зимување, но стравувате вашиот смартфон да не се заледи? Препорачуваме Samsung Galaxy S8+

Објавено во: Стил 13 Февруари, 2018

Сезоната на зимувања се уште не е завршена, а додека вие планирате и размислувате каде да го поминете овој зимски одмор, притоа грижејќи се што да понесете, ние го имаме нашиот фаворит - САМСУНГ ГАЛАКСИ С8+! Овојмобилен уред е отпорен на вода и снег, па поради тоа нема да мора да се грижите дали ќе успеете да ги зачувате сите прекрасни мигови од зимувањето во вашиот мобилен телефон, ниту пак да стравувате доколку истиот ви падне во снег. Решивме да го тестираме и да ја провериме неговата издржливост.

Покрај совршените фотографии, овој уред ни демонстрираше дека дури и на минусни температури може да функционира одлично, а двобојот со снегот не го спречува континуирано да снима со ист квалитет. Снимките направени со “Галакси С8+“ се кристално чисти и беспрекорни! Снегот и снежните врнежи можат да бидат непријатели на вашиот мобилен телефон, но овој смартфон кој поседува ознака IP68 за отпорност на вода, прав и различни временски влијанија, тоа не претставува никаков проблем, што го прави совршен за љубителите на снегот и зимските спортови.

Доколку решите да си “поиграте“ со вашиот “Галакси С8+“ во снег, и покрај неговата издржливост и отпорност, ве советуваме да внимавате добро да го исушите телефонот. Самиот „Галакси С8+“ има индикатор кој ќе ви испрати предупредување дека е детектирана влага во конекторот за полнење. Тоа значи дека не смеете да го поврзувате со полнач додека не се исуши од влагата.

Зачувајте ги најдрагоцените моменти на вашиот мобилен телефон, а притоа бидете сигурни дека снегот и снежните врнежи нема да му наштетат на вашиот уред. Во продолжение погледнете го видеото и уверете се во истрајноста на овој уред.


Можеби ќе ве интересира

Кои состојки се најдобри и најлесни за јадење пред спиење?

Кои состојки се најдобри и најлесни за јадење пред спиење?

Видео: Топ 10 серии наменети за интелигентна публика

Видео: Топ 10 серии наменети за интелигентна публика

Најдобриот саем за љубители на стилизирани мотори - Естетика која исчезнува

Најдобриот саем за љубители на стилизирани мотори - Естетика која исчезнува

Видео: Подводен апартман е новиот хит на Малдивите

Видео: Подводен апартман е новиот хит на Малдивите

Гастрономски експеримент ги спои крофните и бургерите

Гастрономски експеримент ги спои крофните и бургерите

„Исцелител“ најдобар дебитантски филм во Југоисточна Европа

„Исцелител“ најдобар дебитантски филм во Југоисточна Европа

Симптоми кои може да ги препознаете за вишок на шеќер во крвта

Симптоми кои може да ги препознаете за вишок на шеќер во крвта

Колку ќе заработува Роналдо со новиот договор

Колку ќе заработува Роналдо со новиот договор

Чуден експеримент за откажување од цигари

Чуден експеримент за откажување од цигари