05 Мај, 2024
0.0261

СЕ ПОГЛАСНО СЕ ЗБОРУВА ЗА ПОСТ-ВАК СИНДРОМОТ, УНИШТЕНО ЗДРАВЈЕ ОД ВАКЦИНАТА: Се водат процеси против фармацевтските компании

Објавено во: Македонија 22 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Во март, пред точно две години, Саша Шварц, како и милиони други, со нетрпение ја чекаше вакцинацијата против коронавирусот. Овој, тогаш 30-годишен негувател, конечно сакаше да добие малку повеќе слобода со вакцината и да придонесе за сузбивање на пандемијата. За овој активен спортист и инаку личност која сака да поминува време со општеството, вакцинацијата вети делумно враќање на старите патеки, пишува DW.

Но, по 25 март се се смени. Откако бил вакциниран со вакцината Astra-Zeneca, Шварц развил треска, вртоглавица и главоболка. И до ден денес симптомите не престанале. Никогаш во животот не сум се чувствувал толку беспомошно“, вели овој жител на Келн.

До денес открил 96 симптоми, од кои најнепријатниот, како што вели, е „Брејнфог“. „Мозочната магла“ му ја одзема способноста да се концентрира, едноставните постапки како читање книга се претвораат во невозможна мисија. „Како да сум на автопилот. Стимулациите воопшто не допираат до мојот мозок, се е како во некаков делириум.

Засегнати се речиси 400.000

Втората вакцина неколку месеци подоцна не донесе подобрување. Вакцината BionTech требаше некако да го регулира хаосот во неговото тело, но до овој посакуван ефект не дојде.

Шварц, кој се грижи за ментално болни пациенти, доживеа колапс за време на едно патување со неговите штитеници: неговото тело едноставно не можеше да се справи со интензивните тактилни дразби и потребната концентрација. После тоа, тој беше врзан за кревет со недели.

После половина година конечно најде имунолог кој сериозно ги сфатил неговите проблеми. „Пред тоа сите ми велеа дека тешкотиите се предизвикани од психосоматски проблеми.

Никој не веруваше дека тоа би можело да бидат последиците од вакцинацијата“, се сеќава Шварц. Оттогаш, Шварц се гледа себеси како повреден во пост-вак (по вакцината). Според дефиницијата, тоа е „здравствена и економска последица на штетата на здравјето предизвикано од вакцинација што ја надминува рамката на класичните реакции на вакцините“.

На прашањето на ДВ, Институтот Пол Ерлих, федералниот институт за вакцини, ги наведува следните бројки: од почетокот на вакцинацијата, 333.492 случаи на трајни несакани ефекти (1,7 на 1.000 вакцини) и 50.833 случаи на тешки трајни несакани ефекти (0,27 на 1.000 вакцини) се евидентирани.

Меѓу нив е и Шварц, на кого во меѓувреме му било дијагностицирано хипервоспаление на имунолошкиот систем во Пост-Вак амбулантата при Универзитетската клиника во Марбург. Но, до денес, ниту една терапија на Шварц, вклучително и престојот но психијатрија, не вродила со плод.

Кој е одговорен за оштета?

Министерот за здравство Карл Лаутербах неодамна вети брза помош за погодените од пост-вак синдромот. Адвокатот Тобијас Улбрих од Дизелдорф во меѓувреме застапува 730 пациенти.

Преку него беа поднесени 150 тужби против компаниите BionTech и Moderna. Тој ја застапува тезата дека надлежните недоволно ги информирале граѓаните за можните последици од вакцинацијата. Тој особено го критикува министерот Лаутербах, кој долго време практично ги опишува вакцините како лекови без несакани ефекти. Првиот судски спор против BionTech започнува следниот месец во Франкфурт, каде што една пациентка тврди дека претрпела оштетување на срцето од вакцината. Следат други испитувања низ целата земја. Улбрих објаснува како се водат процеси против фармацевтските компании, кои во случај на пресуда во корист на пациентите можат да бараат отштета од државата.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава