04 Мај, 2024
0.0244

Се разгледува укинување на роаминг во ЕУ од 2017-та

Објавено во: Стил 24 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Роамингот во Европската унија е на пат да отпадне во 2017 година. Ова го објавил еврокомесарот Гинтер Отингер. Според него Еврокомисијата е многу блиску до решение, со што по две години врската помеѓу земјите во ЕУ да бидe отстранетa.

Во областа на телекомуникациите зборот ја опишува можноста да разговараме по телефон и да разменуваме податоци во странски мобилни мрежи. Затоа мобилните оператори бараат такси, кои влегуваат во сметките на корисниците.

Европската комисија со години инсистира за пониски цени. Резултатот на крајот би требало да е намалувањето на надоместоците за роамингот. Поради слабата конкуренција меѓу давателите на услугата со времето дојде до претерано високите цени, велат од Европската комисија.

Трошоците за телефонски разговори и мобилен интернет во земјите од ЕУ се намалени значително во изминатите години по притисокот од Брисел. Значи во моментот мобилните оператори во земјите од Европската унија немаат право да наплаќаат со повеќе од 19 центи за минута (37 центи) за појдовни повици и 5 центи (10 центи) на минута за дојдовни повици, 6 центи (12 центи) за испраќање на SMS порака и 20 центи (39 центи) за 1 мегабајт податоци. Кон ова се додаваат одделно и даноците.

Мобилните оператори од своја страна се незадоволни од намалувањето на овие приходи. Всушност корисниците на мобилни услуги мораше да се радуваат на намалувањето на роаминг уште кон крајот на оваа година. Ова сепак е сериозен отпор во повеќе европски земји.