СЕ ТРЕСЕ „ТРОНОТ“ НА ЏОНСОН: Вонредни вести од Лондон го преплавија светот за британскиот парламент
Објавено во: Свет 24 Септември, 2019
Гај Верхофштат, координатор за преговори на ЕП со Велика Британија, ја поздрави одлуката на Врховниот суд на Велика Британија и го нападна премиерот Борис Џонсон.
„Најмалку едно големо олеснување во сагата Брегзит: владеењето на правото во Велика Британија е живо и добро. Парламентот никогаш не треба да се замолчи во вистинската демократија“, напиша Верхофштат на Твитер.
„Никогаш повеќе да не слушнам Борис Џонсон или други поддржувачи на „Брегзит“ да кажат дека ЕУ е недемократска“, нападна тој.
Претходно денес, Врховниот суд на Велика Британија востанови дека одлуката на Џонсон за распуштање на парламентот на неколку недели е нелегална.
Неколку британски партии побараа оставка од премиерот Борис Џонсон.
Одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон да го суспендира парламентот 5 недели е нелегално, пресуди Врховниот суд на Велика Британија.
Сите 11 судии на Врховниот суд едногласно ја потпишаа пресудата дека Борис нема законско право да ја прекине работата на Долниот дом на 5 недели. Исто така биле нелегални и советите на Џонсон кон кралицата Елизабета Втора да потпише закон за суспендирање на парламентот, соопштија судиите.