СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО: Силен земјотрес ја погоди оваа земја
Објавено во: Свет 09 Мај, 2017
Силен земјотрес од 6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Јапонија.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина на 10 километри во морето во близина на островот Мијако. Метеоролошката агенција во земјата предупреди на помали промени на нивото на морето, но не издаде предупредување за појава на цунами.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви ниту за причинета материјална штета. Јапонија се наоѓа на четири тектонски плочи и често има земјотреси. Во државата има строги стандарди за градење и затоа нема поголеми штети.
Утрово земјотреси имаше во Грција, Џорџија, Црна Гора, Пиринеите, Албанија, Турција, Италија и други земји, но тоа се послаби потреси.