Се урна воен авион - пилотот загина
Објавено во: Свет 05 Април, 2018
Авион на Военото воздухопловство на САД се урна во американската сојузна држава Невада, при што загина пилотот.
Aвионот се урнал за време на вежбовен лет.
Причините за падот на авионот засега не се соопштени.
Ова е трет инцидент на американско воено летало неделава. Четворица маринци загинаа при уривање на воен хеликоптер во јужниот дел на Калифорнија во вторникот, а истиот ден претходно се урна и авион од типот АВ-8Б Хериер на американската Воена морнарица, набрзо по полетувањето од аеродромот во Џибути.