03 Мај, 2024
0.0299

Се враќа ли кризата во еврозоната?

Објавено во: Свет 27 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Веќе со недели во тек е дебата за идниот пакет помош за Грција. Министрите за финансии на ЕУ неодамна наведоа цел низ дополнителни проблеми. Дали повторно се заканува разгорување на криза на еврото?

Едно време се чинеше дека во Европа ќе се врати мирот. Економијата постепено зајакнува. Грција ги одработува своите задачи и смета дека е на добар пат да го консолидира буџеотот.

Меѓутоа, Јорг Крамер, главен економист на Комерцбанка, се уште е внимателен: - Гледаме некои успеси во Шпанија, Португалика и Ирска. Овие земји со спроведувањето на реформите ја вратија својата конкурентност и тоа е позитивно. Но како и порано, тврдам дека се уште не сме постигнале широк реформски пробив. Посебно не во големата кризна земја Италија.

Крамер е загрижен што во Италија во однос на другите земји во еврозоната, од година во година доаѓа до зголемување на платите наспроти помалата продуктивност. Земјата постојано губи на конкурентноста. Но, тоа не е се: Во текот на последната средба на министрите за финансии на ЕУ во литванскиот град Вилнус прекорена е Франција, која е второ стопанство по големина во Европа и тоа поради својата неподготвеност на реформите.

Можни се нови проблеми

Постои опасност дека и Словенија може да стане нов проблем затоа што тамошните банки во своите биланси имаат милионски дефицити. Покрај тоа, уште оваа есен течат програмите за помош на Ирска, Шпанија, Португалија. Дека на Грција и се потребни повеќе пари беше јасно и пред парламентарните избори во Германија: 11 милијарди во следните две години за да се покријат финансиските дефицити, а потоа може да биде неопходен дополнителен програм, можеби од 10 милијарди евра, за да може на земјата да се олесни преминот на приватниот пазар на капитал – оцени Јоханес Маер, експерт за евро од банката Банката ЛБ. Дали е можно веќе на есен да ни се заканува нова еврокриза?

Главниот економист на Комерцбанка Јорг Крамер таа можност не сака да ја исклучи, со оглед на тоа дека според него причините за кризата се уште не се отстранети: Немаме широк реформски напредок, но во позадина ја имаме Европската централна банка која низ политика на евтини пари, со давање на можност за откуп на државни обврзници ја замачкува кризата. Тоа доведува до тоа, дека сега и компаниите се охрабрени и може да се каже дека рецесијата во еврозоната е помината. Повторно се бележи економски раст иако причините на кризата не се отстранети.

Дали штедењето наштетува?

Недостигот на конкурентноста, прекумерните буџетски дефицити, недостигот на контрола на банките, сите тие проблематични полиња се уште не се решени. Кога се во прашање структурните реформи и фискалната консолидација, северните Европјани себеси се гледаат изложени на се почести обвиненија дека јужните земји ги присилуваат да штедат до изнемоштеност. Експертите Јосеф Маер и Јорг Крамер не го прифаќаат овој аргумент. Тие тврдат дека за строгиот курс на штедење не постои алтернатива.

Извор: Миа

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место