fake panerai watches СЕ ВРТАТ МИЛИОНИ: Колку пари прави „Кнауф Радика“ од продажба на гипс плочи
02 Мај, 2024
0.0479

СЕ ВРТАТ МИЛИОНИ: Колку пари прави „Кнауф Радика“ од продажба на гипс плочи

Објавено во: Економија 05 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

„Кнауф Радика“ очигледно работи со успех.

Податоците покажуваат дека единствената  македонска компанија за гипсени плочи лани прокнижила приход од 20,85 милиони евра од продажба на своите производи а добивката изнесува 3,87 милиони евра. Продажбата на домашен пазар на „Кнауф Радика“ е 12,4 милиони евра

Единствениот македонски производител на гипсени плочи „Кнауф Радика“ лани направил приход од 20,85 милиони евра од продажба на своите производи, пишува во извештаите на независните ревизори. Тие лани пораснале за 1,4 милиони евра.

Од тие пари 12,43 милиони евра се приходи на домашниот пазар за гипсени плочи, а останатите 8,42 милиони евра се приходи од извоз. Трошоците на компанијата се 15,12 милиони евра, а добивката од редовното работење е 4,3 милиони евра и во споредба со 2016 година пораснала за 400.000 евра. Вкупната сеопфатна добивка за 2017 година е 3,87 милиони евра и таа е за 359.000 евра повисока од 2016 година. „Кнауф Радика“ лани успеал својата сеопфатна добивка да ја зголеми за 10 отсто во однос на 2016 година.

Голем раст на побарувањата и обврските

Многу важно е да се истакне дека побарувањата од купувачи и останатите побарувања пораснале лани за 2 милиони евра во однос на 2016 година и тие достигнале 4,12 милиони евра на крајот на минатата година. Воедно пораснале и тековните обврски на компанијата и тоа до ниво од 3,5 милиони евра. Лани нивното зголемување изнесува 2,8 милиони евра. Во овој контекст многу е важно да се истакне дека оваа компанија хипотеки и товар врз своите имот и средства за работа.

Оваа успешна компанија заклучно со крајот на 2017 година има акумулирана добивка од речиси 7 милиони евра.


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?