01 Мај, 2024
0.0269

Се зголемуваат цените на нискобуџетните авио-летови

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Истражувањата што ги спроведе германскиот Центар за авио-сообраќај и вселенски летови (ДЛР) меѓутоа покажува дека лоу-баџет компаниите кои нудат нудат нискобуџетни летови ги поскапеле цените за билетите за една година.

Најефтин е унгарскиот Виз, но и тој во просек поскапе од 44 на 53 евра по лет, вклучувајќи ги и таксите. Уверливо и далеку најскап е германски Јуровингс, чии карти поскапеа во просек од 105 на 117 евра по лет. Втор е Рајанер чија просечна цена на карти од 54 минатата, порасна на 79 евра оваа година.

Во анализата на ДЛР, поскапувањето се толкува и со „објективни фактори“: По периодот н ефтина нафта, цената на керозинот порасна. Скокот на цените, меѓутоа, пред се е последица на промена на деловната стратегија. Рајанер, на пример, беше познат по тоа што лета од локални аеродроми, често сместени во длабоки недојдии – добар пример е аеродромот Франкфурт Хан, који од главниот аеродром во Франкфурт е оддалечен дури 125 километри. Сега, меѓутоа, „ефтините“ се повеќе полетуваат од главните аеродроми во Германија – од „вистинскиот“ Франкфурт, Минхен или аеродромот Келн/Бон. Деловната логика е јасна: Таму се патниците и таму сакаат и да одат. А иако се таксите повисоки, авионите полесно се пополнуваат.

Уште еден проблем е монополот: од вкупно 6.520 линии на „лоу кост“ компании, за дури 5.683 практично нема алтернатива односно на таа линија не лета никој друг. Таквата положба на превозниците им овозможува да ја диктираат и цената, но и (скромниот) квалитет на услугите. Инаку, на само 751 линија постои уште еден превозник што лета на иста дестинација, а на само 86 линии може да се бира меѓу три или повеќе превозници –  тоа се разбира се најпопуларните дестинации како Лондон, Даблин или летувалиштата во Шпанија.

Причината за преселување на главните аеродроми се и деловните патници, се поважен сегмент на „ефтините“  превозници. За таквите патници, кои не плаќаат карта од сопствениот џеб, “лоу кост“ компаниите нудат цел спектар „дополнителни услуги“ кои често се многу скапи – одличен пример секако е „Хепи Снек“ на Јуровингс.



Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?