19 Август, 2019
0.0224

Интервју со Драган Ангеловски, генерален менаџер за Bonatti во Македонија

Секоја Bonatti колекција костими за капење е со своја трендовска приказна

Објавено во: Мои пари 16 Јули, 2019

Bonatti секое лето пласира модерна колекција за костими за капење и програм за плажа, каква е ова лето?

Нашата трендовска линија на костими за капење за лето 2019 е веќе во продавниците низ Македонија. Летната колекција за сите наши купувачи ја имаме во бои и форми кои се вистински тренд оваа сезона, како за жените така и за мажите. Колекцијата е со колорит на тиркизни тонови, преку беж-зелени принтови проткаени со златни детали до јако црвени бои, како и вечните класични модели од црно-бели и морнарски комбинации. Дефинитивно би сакале заедно да ја раскажеме модната приказна на нашиот бренд за ова лето и со нашиот програм за плажа а тоа се фустани, торби, пешкири и шешири.

За кого е наменета колекцијата, каков тип на костими за капење можат да се купат?

Брендот Bonatti секоја година се грижи буквално за сите генерации така што имаме едноделни, дводелни или троделни костими за капење, бикини, пуш ап-и и останати кроеви. Веруваме дека сите ќе ги најдат вистинските костими за себе меѓу новите модели за ова лето. Како новитет оваа година се моделите со shape ефект, кои вашиот облик на телото ќе го направат идеален како што вие би сакале. Интересно е дека може да секој купувач да направи mix & match на парчињата, така што има буквална слобода сами да ги комбинирате костимите за капење. Целиот асортиман на колекцијата можете да го погледнете на линкот https://bonatti.mk/online-shop/15.html

Каква промоција имате за купувачите во моментот?

Bonatti во Македонија на своите купувачи им овозможува попуст од 30% на одредени модели на дел од новата колекција костими за капење и програм за плажа. Долната облека ја имаме и на намаление до 50%, така што имаме вистински сезонски попуст. Повелете и купете ги вашите омилени Bonatti парчиња.

Каде се наоѓаат вашите продавници во Македонија и како може да купуваат од вашата онлајн продавница?

Ние во Македонија имаме отворено Bonatti продавници во три градови, поточно во Скопје, Куманово и Охрид. Во Скопје може да не најдете на први кат во Г.Т.Ц., како и во трговските центри Буњаковец, Лептокарија, Зебра и Лиса. Пазарењето преку нашата он-лајн продавница www.bonatti.mk е едноставно, треба да се регистрирате и ние ви доставуваме директно до местото кое ќе одберете.

Сите Bonatti продавници се конципирани по високи стандарди на работење, со изразен визуелен идентитет и прилагодени на современите навики на купувачите. Во нашите продавници ќе го пронајдете сето она што на модерните жени и мажи им е потребно да се чувствуваат удобно и тренди, поточно, долна облека, градници, маици, програм за спиење, костими за капење, пешкири и аксесоари кои ќе го комплетираат вашиот стил.

Bonatti како бренд од Србија се шири низ Европа, која е тајната на вашиот успех?

Токму така, повеќе од деценија, Bonatti е препознатлив бренд по употребата на пријатни материјали, пристапни цени, модерни и квалитетни модели на долна облека, програм за спиење и за на плажа. Започнавме во Србија а денеска имаме продавници во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија, Швајцарија, Шведска, Бугарија, Унгарија, Италија и Грција.

Веруваме дека тајната на добриот изглед помеѓу останатото е и во долната облека која ја носиме, поточно чувството кое ни го пружа и затоа посебно внимание посветуваме во изборот на природни материјали. Секоја нова колекција е приказна за себе и носи свој печат, но пред се даваме акцент на квалитетот и удобноста, со широк асортиман на модели, дезени и бои.


Можеби ќе ве интересира

Светската фотографска изложба од колекцијата на ФотоЕвиденс од утре вечер во НЛБ Галерија

Светската фотографска изложба од колекцијата на ФотоЕвиденс од утре вечер во НЛБ Галерија

Уличниот дефект на улица Жан Жорес 182 е саниран

Уличниот дефект на улица Жан Жорес 182 е саниран

Најдобриот типувач на „Sport Life“ доби пежо 308

Најдобриот типувач на „Sport Life“ доби пежо 308

Прекин на водоснабдувањето на три улици во Скопје

Прекин на водоснабдувањето на три улици во Скопје

Саниран дефектот на улица Козле

Саниран дефектот на улица Козле

Во Македонија ни фали храброст во изборот на облека: Интервју со модниот инфлуенсер Денис Аљуш

Во Македонија ни фали храброст во изборот на облека: Интервју со модниот инфлуенсер Денис Аљуш

Уште само еден ден од Garage Sale

Уште само еден ден од Garage Sale

И Азески смета дека одлуката од Косово за царински бариери е популистичка мерка

И Азески смета дека одлуката од Косово за царински бариери е популистичка мерка

Новата Galaxy Note10 серија на паметни телефони официјално претставена во Скопје

Новата Galaxy Note10 серија на паметни телефони официјално претставена во Скопје