Села можел да умре доколку докторите навремено не интервенирале
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2018
Продолжува рочиштето за Зијадин Села и нападите од 27-ми април.
Навремената интервенција на лекарите го спасила Зијадин Села од сигурна смрт – тврдат вештаците од Институтот за Судска медицина. Исто така посочија сериозни повреди како скршен нос, помодрени очи, нагмечување на мозокот, поради што во иднина тој би можел да има епилептични напади кои сега ги контролира со терапија.
На ова се спротивставија адвокатите на обвинетите изнесувајќи дека овие вештаци немале лиценца за вештачење во јуни минатата година и побараа ова да се издвои од доказите.
Обвинителот, пак, рече дека не им се потребни лиценци, затоа што барањето за вештачење било доставено до Институтот како највисока образовна институција од оваа област, која сама по себе е компетентна да изработува вакви стручни документи.