26 Април, 2024
0.0301

СЕМЕ НА РАЗДОРОТ: Пригожин збесна, вели дека има фракции кои ја уништуваат руската држава

Објавено во: Свет 03 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Основачот на руската паравоена група Вагнер Евгениј Пригожин денеска изјави дека различни фракции во Кремљ ја уништуваат земјата обидувајќи се да посеат семе на раздор меѓу него и чеченските борци.

- Опасните игри станаа вообичаена појава во кулите на Кремљ. Тие едноставно ја уништуваат руската држава – изјави Пригожин, пренесува Ројтерс.

Тој не прецизираше за кои фракции на Кремљ се мисли, но рече дека ќе продолжат со обидите за ширење раздор и дека ќе мора да платат за тоа.

Пригожин, кој во последно време упатува бројни критики кон руското државно и воено раководство, вели дека е решен конфликтот меѓу него и Чеченците, кои исто така се борат заедно со руската армија во Украина.

Тој истакна дека секоја битка меѓу специјалните сили „Ахмат“ на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и „Вагнер“ ќе резултира со сериозно крвопролевање, но дека нема сомнеж кој ќе победи.

Основачот на Вагнер уште еднаш го изрази своето незадоволство од моменталната ситуација на теренот и укажа на вината на министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.

-Министерството за одбрана не е во состојба да направи ништо бидејќи де факто не постои. Во хаос е – рече Пригожин.

(Танјуг)

Можеби ќе ве интересира

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре