07 Мај, 2024
0.0225

Семејниот живот доведува до дебелеење

Објавено во: Стил 06 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Научниците појаснле дека семејните мажи и жени се подложени на ризик од дебелината значително повеќе од оние кои живеат сами. Истражувачите го поврзуваат феноменот со тоа што спокојниот и избалансиран семеен живот ги тера луѓето да јадат повеќе и помалку да се движат.

Тим германски и швајцарски истражувачи под водство на Джут Мата од Институтот за човеков развој кон општеството „Макс Планк“ разјаснуваат дека семејниот живот придонесува за дебелината. Научниците го објавиле својот труд во списанието „Social Science & Medicine“.

Специјалистите го демантираа мислењето дека семејниот живот влијае благотворно на здравјето. Научниците го анализирале индексот на телесна маса - вредност која овозможува да се процени степенот на согласност меѓу масата на телото и растот на човекот - врз 10 226 лица од девет земји во светот - Австрија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Русија , Шпанија и Велика Британија.

Според податоците на Светската здравствена организација нормален индекс на телесна маса треба да е меѓу 18,5 и 25.

Резултатите од работата покажале дека индексот на телесна маса за ерген е еднаква на 25,7, а за оженет маж тој е 26,3. За жените овие вредности, соодветно се 25,1 и 25,6.

Авторите на истражувањето уверуваат: резултатите од нивната работа сведочат дека семејните луѓе имаат тенденција да апсорбираат поголема количина храна и да се движат помалку отколку ергените и немажените девојќи.