26 Април, 2024
0.0272

Семејство со три генерации од Канада загина во авионската несреќа во Етиопија

Објавено во: Свет 12 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Во боингот во Етиопија загинале три генерации од канадско семејство.

Меѓу 18-те Канаѓани, било и шестчленото семејство Диксит-Ваидја, пишува „Гардијан“. Три генерации од ова семејство патувале на одмор во Кенија.

Триесет и седумгодишната Коша Ваидја е родена во Кенија и решила да го посети својот роден град по многу години.

Таа патувала со нејзиниот сопруг, 45-годишниот Прерит Диксит, малолетните ќерки Ашка и Анушка и родителите, 71-годишниот Панагеш и 63-годишната Хансини.

Мананат Ваидја, член на семејството кој не бил на летот, изјавил дека семејниот одмор во Кенија требало да биде прва посета на неговата сестра на родното место по неколку децении. Мртвите девојчиња имале 14, односно 13 години.

Коша работела во Канадската асоцијација за глуви, како советник за човечки ресурси.

„Многу ќе ни недостасува. Ќе ја паметиме по нејзината интелигенција, професионалност и динамична личност“, изјавила Јулија Думанијан, претседател на здружението.

Семејство живеело во Брамптон во близина на Торонто.

Во Етиопија во неделата се урна авион „боинг 737“ на компанијата „Етиопијан ерлајнс“ на лет кон главниот град на Кенија, Најроби.

Во несреќата загинаа сите 157 патници и членови на екипажот.

Меѓу нив биле 32 луѓе од Кенија, 18 од Канада, девет од Етиопија, девет од Велика Британија, по осум од Италија, Кина и САД и седум од Франција.

Причината за падот не е позната.

Можеби ќе ве интересира

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?