Сезонски работи од кои можете да заработите
Објавено во: Финансии 18 Јули, 2019
Сезонските работи можат да донесат и до 50.000 динари заработка со пет дена работа во неделата , пишува српски Курир.
За одредени работи може да се заработи од 1.500 до 3.000 динари. Поскапо платена е физичката работа и таа чини 180 динари по час.
Иако прво се мисли на способна работна сила, на млади луѓе, сепак за хонорарна работа работници нема во Србија и помош се бара и од пензионери.
Се бараат луѓе за работа во земјоделството, за промоции, за работа во кол центри, за во магацин и слично. И во кафулињата се бараат келнери, но таму претежно работат млади луѓе на возраст од 16 до 24 години кои сакаат да заработат џепарлак во текот на летото.