Шефицата на кампањата на Доналд Трамп може да го напушти по скандалите
Објавено во: Свет 10 Октомври, 2016
Келиен Конвеј која направи чуда од претседателската кампања на Доналд Трамп посочи дека ќе биде со него до самиот крај иако тој има горчлив вкус, но порача дека може да го напушти кандидатот доколку дојде до непредвидена семејна итност.
Во интервјуто за NBC веднаш тоа беше протолкувано дека Конвеј како шеф на кампањата повеќе не може да ги брани скандалите кои ги предизвикува Доналд Трамп, особено по протечената снимка во кој тој сугерира дека ако си ѕвезда можеш што сакаш да им правиш на жените, без оглед дали имаат сопруг.
Конвеј подоцна се обиде да се оправда дека медиумите погрешно ја протолкувале, но извесно е дека целата кампања на Доналд Трамп се одржува на стаклени нозе и уште еден скандал би бил катастрофален.