12 Мај, 2024
0.0306

Шекеринска: Македонија од овој процес ќе излезе како држава која нема да се срами

Објавено во: Македонија 25 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Вицепремиерката Радмила Шекеринска и министерка за одбрана смета дека Македонија многу сериозно влегла во новиот процес за решавање на спорот за името со Грција при што најважно е да остави силен влечаток на меѓународна сцена каде сите потези се оценувани од ЕУ и НАТО без оглед што не може однапред да знае на што се е подготвена Грција. Така доколку дојде до решение тоа ќе биде постигнато во фото-финиш, вели вицепремиерката Шекеринска во интервју за „360 степени“ со доза на скептицизам.

-Наша задача е ние да ги браниме нашите позиции, на кои теми ќе покажува компромис и флексибилност, а на кои теми треба да се држиме цврсто до нашите ставови. Умешноста на овој процес нема да зависи од тоа што се случува зад затворени врати. Ќе зависи и од впечатокот на сите оние кои го анализираат процесот и кои имаат влијание: ЕУ и земјите членки, НАТО и земјите-членки на Алијансата – рече Шекеринска.

Таа додаде дека нема да има решение на спорот доколку грчката позиција остане на сложено име составено од еден збор, непреведено, севкупна употреба, со уставни промени.

-Но целта на процесот е сите да се изместат од иницијалните позиции. Оптимист сум дека од овој процес Македонија ќе излезе како држава која нема да се срами, туку да се пофали со конструктивно европско, позитивно однесување. Не можеме ние да ги дефинираме потезите на нашите соседи. Но можеме да направиме сѐ, за да покажеме дека Македонија во овој процес влегла со голема одговорност, знаење и со желба тој да се реши – рече Шекеринска.


Можеби ќе ве интересира

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

КАБИНЕТОТ НА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, но не и припаднички на понежниот пол

КАБИНЕТОТ НА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, но не и припаднички на понежниот пол

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката

И ФОН ДЕР ЛАЈЕН НЕ ПОТСЕТУВА ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: еве што објави денеска

И ФОН ДЕР ЛАЈЕН НЕ ПОТСЕТУВА ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: еве што објави денеска

„ИЛИ ПОВТОРУВАЊЕ ИЛИ ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ЈОВАН МИТРЕВСКИ“: еве што вели министерот Лога за заклетвата

„ИЛИ ПОВТОРУВАЊЕ ИЛИ ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ЈОВАН МИТРЕВСКИ“: еве што вели министерот Лога за заклетвата

„ПРОВОКАЦИЈА ОД СИЛЈАНОВСКА“: еве што пишуваат грчките медиуми по денешната свечена заклетва

„ПРОВОКАЦИЈА ОД СИЛЈАНОВСКА“: еве што пишуваат грчките медиуми по денешната свечена заклетва

„АКО Е ЈУНАК, ЌЕ УПАТИ РАСКИНУВАЧКА НОТА ДО АТИНА“: Ванковска со реакција по инаугурацијата на претседателката

„АКО Е ЈУНАК, ЌЕ УПАТИ РАСКИНУВАЧКА НОТА ДО АТИНА“: Ванковска со реакција по инаугурацијата на претседателката