Шешељ за Албанците: Може ние да им дадеме половина Косово, а тие нам половина Албанија
Објавено во: Балкан 21 Август, 2017
Претседателот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, има спротивни ставови од актуелната српска власт за Косово.
Тој на прашање од весникот „Вечерње новости” за тоа што мисли за идејата за поделба на српско и албанско Косово, одговори исто со прашање – „зошто да се разграничуваме со Албанците на своја територија?“
„Сѐ е наше, што да делиме со нив!? Може ние да им дадеме половина Косово, а тие нам – половина Албанија“ - изјави тој.
Според него, српскиот претседател Александар Вучиќ е притиснат да ја прифати независноста на Косово колку што е можно побргу, зашто, како што вели, „нормализирањето на односите” всушност значи признавање на независно Косово.
Шешел вели дека Вучиќ не е должен да каже „признавам”, тој може да го направи тоа фактички. Доволно е Косово да влезе во Обединетите Нации. Србија во никој случај не сме да се согласи со тоа, додава Шешељ.