06 Мај, 2024
0.0388

Шест тајни кои ги открија поранешни вработени во МекДоналдс

Објавено во: Стил 12 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Поранешни вработени во МекДоналдс ги споделиле своите искуства за работа во американскиот ланец за брза храна МекДоналдс.

Иако некои очекуваат дека пишувањето одговор на прашањето: Што сакавте во Мек додека таму работевте?“ тешко може да помине без наведување на конфликт, ова е пример воглавно за позитивни чуства.

Од бесплатни плескавици до 17 коцки кромид, еве некои од најдобрите одговори.

Високо стресна работа

„Купувачите ве третираат многу лошо, а тоа е многу стресно, посебно во гужва, но мислам дека тоа важи за било која работа во угостителството“.

Прецизност

„Бев задолжен со кујната и секој процес е точен до најситен детал, имав тест на крајот на мојата обука кој вклучуваше прашања како што е: „Колку парчиња исечен кромид ставивте во чизбургерот“? (Одговорот бил 17)

Пријателство

„Работата во Мекдонадлд беше едно од најзабавните искуства во мојот живот. Запознав пријатели за цел живот. Освен тоа...јадам таму бесплатно речиси секој ден скоро две години“.

Високи стандарди

„Кујните се чисти и организирани. Имаат доста правила и протокол кој го прикажува квалитетот на храна кој е на врвно ниво. Имаат поголеми стандарди од повеќето компании кога е во прашање здравјето. Доколку нешто не ги исполнува нивните прописи-веднаш го фрлаат“.

Па, обука

„Мојот стар газда, кој имаше еден угостителски објект, говореше дека секогаш сака да вработи работници кои во својата биографија имаат ставка дека работеле во Мекдоналд, бидејќи, вели, знаел дека биле добро обучени“.

Чистота

„Го сакав тоа колку сите беа чисти. Подоцна дознав дека тоа не било случај во секој нивен ресторан, но оној во кој јас работев беше навистина чист...“