04 Мај, 2024
0.0280

Готвачите на ГАСТРОМАК се закитија со злато на натпреварите во Будва и Измир

Шест златни медали за македонските кулинарски шефови

Објавено во: Мои пари 27 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Македонската Асоцијација на готвачи и шефови на кујни – ГастроМак Македонија, се закити со  шест златни медали на годинешните интернационални  гастрономски натпревари во Будва, Црна Гора и Best Cook Fest во Измир, Турција кои што се одржа на крајот на април.

Тимот на готвачи на ГастроМак Македонија, составен од Весна Тодоровска Алачковска, Цветанче Тодоровски, Костадин Стефанов, Снежана Ангеловска и Иван Велков се натпреваруваа во различни категории и рангови. ГастроМак тимот со нивните кулинарски вештини и креативност ги задоволија највисоките критериуми на натпреварите и ги освоија симпатиите на интернационалното жири.

Со вкупно пет златни медали се закити шеф Весна Тодорвска Алачковска за категориите: национално јадење, комплет мени, модерна кујна - јадење во три ганга, како и во категориите - паста, пица и азиска кујна. Нејзината колешка, шеф Снежана Ангеловска, освои злато и два бронзени медали во категоријата изложбени слатки експонати, а воедно, ова е нејзин 101 по ред освоен медал.

ГастроМак готвачите, Цветанче Тодоровски освои сребрен и бронзен медал за подготовка на пилешко и јагеншко, шеф Костадин Стефанов освои бронза во категорија модерна кујна во три ранга, додека шеф Иван Велков сребро во категоријата комплет мени.

- Македонските готвачи уште еднаш покажаа и докажа дека можат да иновираат, да експериментираат и да ги наметнат своите вкусови и кај најпребирливите и строги меѓународни судии. Голема чест и задоволство е да се биде дел од вакви манифестација и за мене лично, но е и признание за нашата Асоцијација, - изјави претседателката на ГастроМак, Адријана Алачки.

ГастроМак е национална асоцијација на готвачи и шефови на кујни во Македонија. Како национално здружение, ГастроМак ја претставува нашата држава како единствен претставник на Македонија во WACS, Светската асоцијација на шефови на кујни, во која што членуваат национални асоцијации од над 150 држави во светот.



Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото