04 Мај, 2024
0.0612

Шилегов се спротистави на цената на водата, но кој го има последниот збор?

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Како ќе заврши сагата со определувањето на цената на водата во општините кои се пожалија на ценовниците кои ги предложи Регулаторнатакомисија за енергетика е прашање кое ги засега граѓаните во тие општини. Одговорот ќе се знае брзо, иако и покрај тоа што препукувањата изгледаат како дневно политичка агенда, сепак законски процедурите се доста јасни. Имено според Законот за утврдување на цените на водните услуги, во случај каков што е сега во градот Скопје, сепак во одреден рок, комисијата ќе мора да донесе нова регулаторна цена. Ако ЈП Водовод и канализација и достави нови пресметки, со пониска цена и регулаторите ќе одредат пониски цени, но ова значи дека самото јавно претпријатие ќе го намали својот приход и најверојатно ќе има загуби во работењето. Ако одбие да достави податоци, регулаторите сами ќе бараат извештаи, а во таков случај ангажманот на независните ревизори ќе бидена трошок на Јавното претпријатие.Роковите веќе течат.

Политика и закон

Градоначалникот на град Скопје одби да ги стави на дневен ред на Советот на градот, одлуките на Регулаторната комисија за енергетика за новите цени на водата со образложение дека се политички мотивирани. Според предлогот цената на метар кубен вода во град Скопје минимално с енамалува, но жителите на главниот град треба да плаќаат дополнителен трошок за одведување на отпадни води.

 – Имајќи предвид по извршената длабинска анализа за финансиската состојба и работењето на ЈП „Водовод и канализација“, имајќи предвид дека се политикантски мотивите на Регулаторната комисија, имајќи предвид дека Регулаторната комисија не ја заснова својата одлука на фактите и реалните потреби на граѓаните, предлагам точките 25, 26 и 27 да се симнат од дневниот ред. Додека сум јас градоначалник на Скопје, граѓаните на Град Скопје поради политикантски одлуки на партизирани органи од минатото нема потреба да плаќаат поскапа вода. Водата ќе остане со истата цена, а ние со домаќинско работење ќе ги сервисираме сите потреби на јавното претпријатие – изјави Шилегов. 

Законски во ваква ситуација, Јавното претпријатие сепак е должно да ја применува цената што ја дале регулаторите или да достави нови пресметки.

„Во случаите кога Советот на општината, односно на градот Скопје, како и органот на управување на правното лице основано согласно со Законот за водостопанства не донесат согласност на одлуката за утврдување на тарифата за водните услуги, органот на управување на давателот е должен да започне да го применува решението за утврдување на висината на Регулаторната тарифа за водна услуга од членот 13 став (14) од овој закон во рок не подолг од 45 дена од денот на донесувањето на истото“ стои во Законот.

А според тој член, ако не е дадена согласност на одлуката за утврдување на тарифа за водна услуга во рок од 150 дена од денот на објавување на решението за утвдрување на тарифата за водна услуга во „Службен Весник на Република Македонија”, Регулаторната комисија треба да прави нова цена со нови пресметки. Ако ги нема, сама ќе ги бара. За постапката ќе наплати од самото претпријатие.

Инаку решенијата на регулаторите за новите цени се од ноември лани, а се донесени по предлог на сите јавни претпијатија кои даваа прдедлог колку ќе чини водата на нивна теритроија согласно трошоците и планираните инвестиции. Регулаторна дава рамка во која треба да се движи цената, но не и конечна цена.

Прифаќаат и се предомислуваат

Законот остава простор незадоволните да тужат, но сепак одлуките на Регулаторната, дури евентуално не се докаже не докаже некој друг мотив, се обврзувачки.

Јавното претпријатие може да бара измена на цената во неколку случаи.

„Постапка за измена на тарифите за водна услуга може да се покрене доколку  настанала битна промена на околности што постоеле во времето на донесување на решението за утврдување на тарифите за водни услуга, а која доведува до потребата за прилагодување на тарифите, повисок јавен интерес и итни случаи и ако настанала важна промена во критериумите за оценка.

Од ЈП Водовод и канализација не успеавме да обезбедиме коментар. Директорот е на службен пат во Љубљана. Инаку оттаму претходно соопштија дека ја прифаќаат најниската цена на водата. Според наши информации новиот менаџмент на ова Јавно претпријатие, цело време било во комуникација со регулаторите, а дел од вработените во Водовод биле вклучени во процес на пренос на ова искуството со регулаираната цена на водат ана луѓе од Црна Гора кои сакаат да го применат нашето искуство.

Меѓу граѓаните има незадоволство од работата на претпријатието затоа што низ годините беше прибежиште на партиски кадри, а и со доаѓањето на новата власт дел од вработените остана без работа. Сепак често дел од граѓаните немаат вода, и тоа создава дополнителен револт.

Овој начин на формирање на цените на водата е по европски терк, а методолгијата е изработена од Министерството за животна средина. Додека Шилегов тврди дека цените му се подметнати, ВМРО ДПМНЕ, обвинува дека СДСМ ја поскапува водата што исто така не е целосно точно.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска