26 Април, 2024
0.0282

Шпанските оператори ги поздравија неочекуваните 5G лиценци на 40 години

Објавено во: Свет 14 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Шпанските телекомуникациски компании ја поздравија владината одлука, на идните аукции да ги удвојат лиценците за радио фреквенции на 40 години, вклучувајќи ги и 5G мрежите, нарекувајќи го тоа важен чекор за секторот.

Промената ќе им овозможи на мобилните оператори и инвеститори подобра видливост на нивните инвестиции во тешко задолжениот сектор, што бара големи трошоци за инфраструктурата, како што се оптичките мрежи, изјавија извори од индустријата за „Ројтерс“.

„Тоа е неочекувано. Ние сме преоптоварен сектор, и сега сме во криза", рече извор од една компанија. „Исто така, бараме и почетните цени на аукциите да се намалат, а не да се зголемуваат, бидејќи во спротивно ги одвлекуваат ресурсите за поставување на мобилни мрежи за пренос на податоци.

Неколку други извори во секторот ја повторија потребата да се олесни учеството на аукциите и да се намалат надоместоците.

Еден извор од индустријата истакна дека Шпанија ги одржувала третите најскапи аукции на радио фреквенции во Европа, иако просечниот приход на секторот паднал за 35 проценти од 2011 година.

Портпаролот на францускиот Orange, еден од водечките шпански оператори за мобилни и широкопојасни мрежи, рече дека ќе го испита владиниот предлог пред да дадат проценка.

„Продолжувањето на времетраењето на овие концесии (е) начин да се гарантира стабилност, предвидливост и соодветно враќање на инвестицијата за операторите“, соопшти шпанското Министерство за економски и дигитални работи.

Одлуката за лиценците доаѓа во момент, кога Шпанија се подготвува да намени речиси 30 проценти од 140 милијарди евра (169 милијарди долари), што ќе ги добие во европските фондови за обновување на својот план за дигитализација, посебно на развојот на 5G мобилни податоци.

Министерката за економија, Надија Калвино изјави дека треба да се одржат серија аукции за посакуваните радио фреквенции - вклучувајќи го и опсегот од 700 мегахерци, што обично се користи за распоредување на 5G податоците - сето тоа со можност за продолжување на закупот на 40 години.

„Четириесет години е вечност во овој сектор. Можете да го користите истиот опсег на фреквенции за повеќе намени", изјави трет извор од индустријата.

Тој предложи владата да ги направи пофлексибилни своите барања за покриеност во областите со мала густина на население или да обезбеди повеќе субвенции, бидејќи операторите често губат пари на такви места.


Можеби ќе ве интересира

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?