13 Мај, 2024
0.0243

Што да очекуваат пазарите со уште еден мандат на Меркел?

Објавено во: Економија, Свет 21 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка, Ангела Меркел вчера најави дека се кандидира повторно. 

Со оглед на политичките турбуленции во целиот свет одлуката на Ангела Меркел да се кандидира за четврти мандат на федералните избори следната година, им дава на инвеститорите перспектива за уште четири години со германскиот канцелар, чиј стил на водење добро го познаваат, коментира Bloomberg.

За време на 11-те години како канцелар Меркел ја заштити еврозоната цела, се воздржа да ги критикува политиките на Европската централна банка (ЕЦБ), залагајќи се за економските санкции против Русија и силен воен сојуз со НАТО, додека во исто време јасно даваше поддршка за слободната трговија.

Германскиот индекс DAX и еврото може да поминат низ краткорочни потешкотии, смета Карстен Бржески, главен економист во INDG-Diba во Франкфурт. Иако DAX достигна рекордно ниво кај Меркел во април 2015 година, индексот сега е со 14% помал.

На долг рок акциите може да поевтинат, бидејќи бегалската политика на Меркел предизвикува популистички одмазднички удар, кој ќе натежне на пазарите, вели Џејмс Батарфил, шеф инвестиции и студии во ETF Securities во Лондон.

Еврото поскапе во азиската трговија по веста за кандидатурата на Меркел.

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле имаше критики за партијата на Меркел, велејќи дека рекордно ниските каматни стапки на ЕЦБ ги привлекуваат гласачите кон антиевропската, антиимиграционата партија „Алтернатива за Германија". Меркел во голема мера ги избегнува критиките кон претседателот на ЕЦБ, Марио Драги.



Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот