07 Мај, 2024
0.0222

Што да внесувате во организмот на +30?

Објавено во: Стил 06 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Експерти укажуваат дека климатските услови може да влијаат на потребите на организмот за одреден вид на храна, па така во летниот период, посебно во текот на високите температури, а кои деновиве ќе не испржат, организмот има потреба за голем енергетски внес, првенствено за одговарачкиот внес на течности.

Дневните потреби се движат од шест до осум чаши вода, односно еден и пол до два литри, некогаш и повеќе течности, зависно од степенот на физичка активност и здравствена состојба.

Лекарите не препорачуваат накнада на течности само со внес на сокови без разлика на нивната содржина на шеќер или вештачки засладувачи, а посакувани се освежителни пијалоци како ладен чај, најдобро од билки, подготвен на вообичаен начин и изладен во фрижидер.

Ладните пијалоци по кои обично посегнувате кога се големи жештини годат само моментално но се опасни ако личноста е прегреана и испотена, бидејќи може да ја оштети слузокожата па може да се јави болка во грлото и настинка.

Кој вид на храна треба да ја јадете во текот на топлото време:

Кога е во прашање изборот на видот на храната, експерти советуваат поголемо внесување на зеленчук и тоа свежо или подготвено на пареа и свежо овошје.

Од млечни производи пред се младо сирење, јогурт, со избегнување на јаки сирења, кајмак, павлака и путер поради големата количина на маснотија која ја содржат.

Исто така е неопходно да се намали внесување на месо, со препораки за користење пред се на риба, пилешко а не советува пржење и поховано за подготовка на месо, како ни земање на сувомеснати производи.

Житарици треба да се внесуваат секојдневно во помала количина, леб и мусли, а да се намали или исклучи употреба на лиснати ипекарски пецива кои содржат големи количини на маснотии.

И во текот на летото исхраната треба да е редовна, што подразбира одреден ритам на оброци во текот на деновите, а пожелни се помалку обилни оброци.

Посебно внимание треба да се посвети на правилно чување на намирници кои во текот на летото брзо се расипуваат и тоа пред се намирници од животинско потекло со оглед дека претставуваат добра подлога за развој на бактерии, а најчуствителни се месото и преработките, риба, јајца, млеко и млечни производи па задолжително треба да се чуваат во фрижидер.

Експертите предупредуваат дека од сите млечни производи сладоледот е најчест виновник за настанување на труење во летниот период, бидејќи, по својот состав јајцата претставуваат идеална подлога за развој на салмонела и затоа е неопходна добра техничка обработка , односно да се избегнува користење на производи, на пример колачи, кремови, сладоледи кои содржат свежи јајца.