26 Април, 2024
0.0288

ШТО Е МАКЕДОНИЈА?

Објавено во: Колумни 20 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

(драма во 3 дела) 1/3

Мојата дефиниција за тоа „Што е Македонија?“ е: поим во женски род; држава: таа држава. Секундарно претставува и нација, регион, историја, географија итн. Но, луѓето кои живеат во Грција или Бугарија и исто така на некаков начин се идентификуваат со поимот МАКЕДОНИЈА - сигурно имаат друга примарна перцепција за тоа што е Македонија – како нивен регион, дел од нивната историја, (нивен или туѓ) географски поим, (нивна или туѓа) држава и (единствено туѓа) нација (подоцна ќе елаборирам зошто македонската нација за Грчките Македонци и Бугарските Македонци може да биде само туѓа нација, не и нивна)).

За Албанските Македонци, пак, Македонија претставува нешто трето – нивна држава (ПОДЕДНАКВО НИВНА КОЛКУ И МОЈА), нивен регион, и дел од нивната историја.

Е сега - моето сакање и перцепирање на Македонија не е побитно од сакањето и перцепирањето на Македонија од Грците/Албанците/Бугарите. Тоа е само различно.

Мноштвото значења на зборот Македонија, за мене, лично, се отцртани по следните две основи:

I. АПСТРАКТНА/ИДЕОЛОШКА/ИДЕНТИТЕТСКА основа, формирана од неколку подоснови кои од една страна се дадени/прифатени/креирани а од друга страна секој поединец-припадник може да ги модификува/моделира/промени и остави на следните генерации да го направат истото. Тие подоснови се:

1. Етничка

2. Јазична

3. Национална (нација-основа)

II. ПРАКТИЧНА/КОНКРЕТНА/РЕАЛНА (или што би рекле овдешниве народи: живеачка). Оваа основа за мене ја определува Македонија како:

1. место на раѓање-МИНАТО,

2. место на живеење-СЕГАШНОСТ и

3. место на умирачка-ИДНИНА

1.ЕТНИЧКА ПОДОСНОВА

Значењето на зборот Македонец по етничка основа се контемплира и означува, од една страна, индивидуално чувство на припадност на еден „етникум“ (што е растеглив поим и многузначен исто така, но сублимирано и по малку лаички би го дефинирал како сублимат од традиција, култура и наследство – значи МИНАТО) и колективна солидарност и емпатија (желба да се помогне на другиот, да се исслуша, да се разберат неговите проблеми и да се ПОМОГНЕ).

Во таа смисла, етничкиот Македонец – индивидуалец НЕ ТРЕБА да биде загушуван од етничкиот колективитет на МАКЕДОНЦИ. Тоа значи дека доколку некој етнички Македонец индивидуално сака да се декларира како АТЕИСТ или АГНОСТИК или МУСЛИМАН!, таквиот негов избор НЕ СМЕЕ да биде перцепиран од мноштвото Македонци како ПРЕДАВСТВО.

Таквиот негов избор, доколку би бил прифатен соодветно и слободно, лично него ќе го направи да се чувствува УШТЕ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНЕЦ.

Во тој контекст, македонците кои се обидуваат да најдат и најмала грешка за другиот македонец да го наречат предавник/изрод/платеник... може да се квалификуваат како #МАЌЕДОНЦИ, чиј индивидуален етницитет е помал од потребниот и таквата своја лична слабост се обидуваат да ја излечат на тој начин што ДРУГИОТ ќе го дефинираат како ПОМАЛ/ПОМАЛКУ ДОБАР/ПОЛОШ/ИЗРОД.

Златко Кујунџиски, магистер по меѓународно право

(продолжува)


Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД