08 Мај, 2024
0.0243

„ШТО И ДА ДОПРЕ, СТАНУВА ЗЛАТО“: Како принцезата Шарлот ќе и донесе на британската економија 4,3 милијарди долари?!

Објавено во: Стил 24 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Второто дете на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон - принцезата Шарлот, има само 3 години, но е миленичка на целиот свет. Таа собра овации и на свадбата на нејзиниот чичко принцот Хари пред неколку дена.

Сепак, таа е од големо значење и за британската економија. Според пресметки на консултантската фирма Brand Finance Group Шарлот ќе и донесе на земјата 4,3 милијарди долари. Со овој индикатор таа го надмина нејзиниот брат Џорџ, кој ќе допринесе за 3,2 милијарди долари.

Како точно кралските деца и помагаат на економијата?

"Овие суми се проекции на она што принцот и принцезата ќе и го донесат на државата во текот на целиот свој живот. Во случај, се разбира, да продолжат да имаат ист позитивен ефект", објаснува Сехр Сарвар, менаџер на „Brand Finance Group“, за „Insider “.

Слично како мајка им, Шарлот и Џорџ влијаат силно на брендови облека или играчки со кои се видени во јавноста. Фустаните со кои е фотографирана Шарлот на различни настани на пример, се откупуваат за неколку часови. Британските медиуми дури утврдија дека "она што ќе го допрат ќе се претвори во злато".

Децата, исто така, имаат влијание врз приходите од туризмот. "Многу луѓе доаѓаат во Лондон со надеж да го видат Џорџ или Шарлот на балконот на Бакингамската палата. Исто така генерира огромен интерес кај меѓународните посети со нивните родители, како оние во Полска и Германија", објаснуваат уште од консултантската компанија.