09 Мај, 2024
0.0334

Што ја скрати добивката на Пекабеско при солиден раст на продажбата?

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Компанијата за продажба на месни производи Пекабеско третиот квартал од годинава најмногу го одбележи со солидниот раст на оперативните приходи, што се должи на раст на продажбата како на домашниот, така и на странскиот пазар споредено со истиот период лани од 48 милиони евра на дури 53,4 милиони евра. Сепак, и со големиот раст на приходите Пекабеско третото тромесечје заклучно со 30 септември го завршува со пад на вкупната добивка која е намалена ако се спореди со состојбата лани.

Главна причина за послабата профитабилност на Пекабеско е растот на набавната вредност на трговските стоки од 32,5 милиони евра кои се потрошени лани на 36,3 милиони евра во третиот квартал година. Раст има и кај трошоците за суровини и други материјали со вкупно потрошени 10,2 милиони евра. 

За вработените во третиот квартал годинава Пекабеско издвоил за нијанса повеќе пари или вкупно 2,6 милиони евра. Вкупните оперативни расходи на Пекабеско достигнале 52,2 милиони евра.

Токму поради зголемените трошоци Пекабеско работи во третиот квартал од годинава исто така со позитива, но со послаба профитна маржа. Ако лани пресметаната оданочена добивка на крајот на третиот квартал изнесувала 1,7 милиони евра годинава за истиот период вкупната оданочена добивка е намалена на 1,1 милиони евра.

Пекабеско одлучи добивката која ја оствари во текот на 2016 година, а која беше највисока според нив во досегашното постоење на компанијата, да не ја распределува како дивиденда и ја распореди во резерви за инвестиции. И во 2015 година Пекабеско не делеше дивиденди.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување