Што направија Јапонците со кратерот среде булевар?
Објавено во: Свет 15 Ноември, 2016
За помалку од една недела булеварот во Фукока во кој се отвори 30-метарски кратер, е обновен целосно.
Јапонските работници ја пополнија длабоката 15 метрска дупка само за два дена, а за уште неколку дена се довршува целокупната поправка, раскажуваат локални медиуми. Сообраќајот по булеварот е дозволен.
За да се пополни дупката, биле искористени 6200 кубни метри песок и цемент. Освен тоа, за целокупната поправка било потребна и поправка на канализациска цевка и обновување на семафори и столбови, кои пропаднаа при уривањето на патот. Градоначалникот на Фукока изјави дека булеварот сега е 30 пати постабилен и објасни дека ќе назначи тим од експерти за да утврдат што го предизвика инцидентот.