ШТО СЕ СЛУЧУВА: Цел град бара чешки визи
Објавено во: Свет 03 Јуни, 2017
Цел град во Украина денеска бара чешки визи.
Славутич е град со 25.000 луѓе кој по повикот на една жена уметник се труди да влезе во Гинисовата книга на рекорди, за најмасовно барање визи во ЕУ.
Катерина Шеда повика од Брно 25.000 луѓе да се вклучат во соборување на рекордот.
За неа е јасно дека никој од еднаш нема да обработи 25.000 барања, но вели дека Гинисовата книга на рекорди е полна со бесмислици и на тоа сакала да додаде уште една.
Се апелира Чешка да ги олесни процедурите за добивање на визи, затоа што им фалат 140.000 работници кои мораат да ги „увезат“ од Украина, Романија, Србија, за да можат фабриките да ги завршат нарачките.