13 Мај, 2024
0.0279

Што се смени кај ТТК Банка?

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Раст на нето приходите од камати и од надоместоци, зголемување на останатите приходи од дејноста. Паралелно со тоа драстично зголемување на загубата заради оштетување нефинансиски средства и зголемени резервации. Епилогот е мало намалување на добивката во споредба со истиот период лани

ТТК Банка, најмалата банка чија акција се тргува на сегментот „котација на акции“, за првите девет месеци годинава има добивка од речиси еден милион евра остварена во услови на значајно зголемување на резервациите за кредитни пласмани и зголемување на трошоците настанати од оштетување на нефинансиски средства, покажуваат официјалните објавени податоци. Позитивно за акционерите е тоа што банката оствари повисоки нето приходи од камати годинава во споредба со лани, а бележи мал раст на нето приходите од надоместоци и провизии и солиден раст на останатите приходи од дејноста што во пракса во најголема мерка е резултат на продаден имот што бил запленет заради невратени кредитни пласмани.

Пазарната цена на таа акција значајно се промени во периодот во кој се објавени кварталниот извештај за годинава и тој за истиот период лани. Во истиот период лани пазарната цена на оваа акција изнесуваше околу 800 денари, а сега таа надминува 1.300 денари. А тогаш акцијата имаше поголема добивка од годинава. Повисокото ценовно ниво во значајна мерка е одраз на оптимизмот на инвеститорите и вербата во таа акција од аспект на тоа дека во последниве три години исплаќа дивиденда и тоа со тенденција на раст.

Многу е значајно тоа што банката остварува зголемени нето приходи од камати и од надоместоци, расте нивото на кредитирање, а солидни се и останатите приходи од дејноста. Но истовреме мора да има во предвид и фактот дека се зголемена загубата на нефинансиски средства и зголеменото ниво на резервации.

Нето приходите од камати за првите девет месеци се 3,3 милиони евра и тие се поголеми за 120.000 евра. Нето провизиите исто така бележат мал, но важен раст до ниво од 1,49 милиони евра. Многу значаен раст има кај останатите приходи од дејноста и тие достигнале ниво од 1,42 милиони евра и пораснале за повеќе од половина милион евра во споредба со истиот период лани.

Сепак акционерите мора да имаат во предвид дека банката има значајно зголемување на трошокот за оштетување на нефинансиски средства. Тој трошок пораснал тројно во споредба со лани сега изнесува 880.200 евра за три квартали, а лани за истиот период изнесувал 220.000 евра. Зголемување има и кај резервациите. Тие достигнале 800.000 евра и се за 222.000 евра поголеми од истиот период лани.

Во првите девет месеци годинава кредитирањето е поголемо за 3 милиони евра до ниво од 73,6 милиони евра, а паралелно со него расте и нивото на депозити. Тие на крај на септември годинава се 105,26 милиони евра и се повисоки за 5 милиони евра во споредба со крајот на декември лани.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот