03 Мај, 2024
0.0264

Што се содржи нацрт спогодбата што Коѕијас во четврток ќе ја донесе во Скопје?

Објавено во: Балкан 19 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Грчката нацрт- спогодба, содржи околу 55 параграфи сместени на 20 страници со сите отворени прашања меѓу Македонија и Грција соопшти грчкото радио „Атина984“.

Според  дописникот на МИА од Атина, новинарката на радиото наведува дека нацрт предлогот е подготвен од грчкото МНР, опширно разгледан меѓу премиерот Алексис Ципрас и Никос Коѕијас, а ги содржи точките што ги најави и самиот шеф на грчката дипломатија.

Во однос на имињата што се вклучени, радиото во текстот коментира дека Горна Македонија, е „фаворит“ за Атина, но без превод, „нешто што многу тешко ќе биде прифатено од другата страна“.

Грција побара и промена на Уставот.

„Прашањето за промена на името како и други теми што се однесуваат на Уставот на соседната земја за негова промена е едно од основните барања на Атина како „гаранција“ за имплементација на ерга омнес за употребата на новото име, односно да биде и за внатрешноста и за надвор. Уставната промена бара мнозинство во Собранието на ПЈРМ, нешто што го нема владината коалиција на СДСМ и албанската ДУИ“, објавува радиото „Атина 984“.

Новинарката додава дека постојат контрадикторни информации за тоа дали нацрт спогодбата е доставена до македонската страна или не. Во грчките медиуми, за време на викендот се појавија информации од американски извори дека Атина веќе го испратила предлогот.

„Според некои информации грчките предлози веќе се испратени од 12 март, додека, пак, според дипломатски извори од ПЈРМ, се уште не е испратена нацрт спогодбата, која што, како што велат, ја очекуваат со пристигнувањето на грчкиот министер за надворешни работи во четврток“, објавува Атина 984.

Во однос на информациите во грчките медиуми од изминатите денови, дека нацрт спогодбата е доставена до Македонија, македонски дипломатски извори за МИА велат дека грчките предлози не се пристигнати и очекуваат нив да ги достави самиот Коѕијас при неговата посета на Скопје.

Патувањето на шефот на грчката дипломатија во Македонија, со лет директно од Атина за Скопје, веројатно ќе биде на 22 март, а радиото „Атина 984“ коментира дека тогаш одново ќе започнат критичните разговори за решавање на разликите околу името.


Можеби ќе ве интересира

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни