04 Мај, 2024
0.0278

Што значи неодземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски во судскиот процес?

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Пратеникот Трајко Велјаноски го задржи својот имунитет кој му е гарантиран со Устав. Сепак, за јавноста добро е да се објасни што точно значи категоријата на пратенички имунитет и што значи тоа во натамошната судска постапка за крвавите настани од 27 април 2017 година. Кривичниот суд по барање на јавното обвинителство ја одобри мерката притвор за Трајко Вељаноски, осомничен како организатор на упадот во Собранието на Крвавиот четврток. За делото терористичко загрозување на уставниот поредок е предвидена минимална затворска казна од 10 години. Во ваква процедура беше спроведено и приведувањето на Вељаноски во полиција за да му биде извршен распит по наредба на јавен обвинител. Сепак, тоа што Собранието не донесе одлука да му биде одземен пратеничкиот имунитет го спречува судот, барем засега да ја ефектуира мерката притвор по барање на обвинителството кое го води случајот за настаните од 27 април.

Според Уставот, пратеникот е заштитен со материјален имунитет и не може да одговара за своите активности во самото Собрание, односно за начинот кој гласа или пак за искажаниот збор на говорници. Тоа не значи дека пратеникот ужива слобода да врши кривични дела и да не одговара за нив. Напротив било кој пратеник подлежи на кривична одговорност пред македонските судови за сторено кривично дело, единствено му се гарантира дека без согласност на Собранието нема да биде притворен или пак неовластено приведен од страна на полицијата.

„Пратениците уживаат имунитет. Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието. Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник. За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили. Пратеникот има право на надомест утврден со закон“ стои во член 64 од Уставот на Република Северна Македонија.

Имунитетот на пратениците се регулира и со член 17 од Законот за пратеници.

„Пратеникот ужива имунитет за времетраењето на мандатот. Пратеникот не може да биде притворен без дозвола на Собранието, освен ако бил затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Постапката во врска со применувањето на имунитетот поблиску се определува со Деловникот на Собранието“ стои во Законот.

Во предметот кој го води обвинителството беа додадени екс министрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски кои завршија во притвор, па потоа беа дел и од инцидентот во истражниот затвор „Скопје“. Процедурата во истражна постапка покрај за нив е проширена и на екс припадникот на тајните служби Никола Бошковски кој и натаму е во бегство во Грција. Тој од страна на обвинетиот Михаил Младеновски беше посочен како еден од организаторите на инцидентите и дека во близина на Собранието имал возило опремено со оружје за понатамошни дејства на гневните демонстранти и маскираните напаѓачи кои упаднаа во законодавниот дом. За него е поведена постапка за екстрадиција на која засега грчките власти не даваат позитивен одговор. Во текот на судските рочишта беше посочен и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски како дел од групата на организатори. За него обвинителството побара и доби одобрение за изрекување на мерката на обезбедување преку притвор која му беше и продолжена.

Вељаноски и натаму ќе има обврска да се јавува на распити или судски рочишта, а доколку биде осуден во предметот за Крвавиот четврток со казна затвор ќе престане да му важи пратеничкиот имунитет. Според уставот без имунитет би останал доколку казната изнесува најмалку пет години затвор. Одземањето на имунитетот го утврдува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин