13 Мај, 2024
0.0241

Швајцарците остануваат најбогатите луѓе во светот

Објавено во: Економија, Свет 23 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Богатството на возрасен Швајцарец изнесува 562 900 долари. 

Швајцарците се најбогатите луѓе во светот, а просечното богатство на возрасен Швајцарец изнесува 562 900 долари, се наведува во годишниот извештај за светското богатство на швајцарската банка Кредит Свис. 

Швајцарија ја предводи листата на најбогатите луѓе 16-та година по ред.

Американците се зад Швајцарците со средства во вредност од 344 700 долари на човек. По нив следуваат Британците со богатство од 288 800 долари.

Турбуленциите на британската фунта по одлуката на Велика Британија да излезе од ЕУ избришаа 1,5 трилиони долари од средствата во земјата, прецизира Кредит Свис.

За прв пат од светската финансиска криза во 2008 година, средното светско богатство на возрасен не е променето и изнесува 52 800 долари.

Извештајот наведува дека уделот на нефинансиските средства на луѓето како дел од богатството им се зголемил за прв пат од 2008 година.

Зголемувањето на цените на недвижностите доведе до зголемување на приватното богатство во неколку земји, вклучувајќи ја и  Германија.

Групата на супербогатите луѓе кои поседуваат најмалку 50 милиони долари, е зголемена за 3% до 4100 лица во изминатата година главно благодарение на азиските земји.


Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот