Добивај вести на Viber
Жителите во Малешевскиот регион од Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската агенција за развој и соработка, територијалната противпожарна единица на општина Берово и подружниците на ЈП Национални шуми Берово и Пехчево, после долги години, денеска добија четири нови противпожарни возила, опрема за пожарникарите, дрон, како и обуки за пожарникарите за управување со дрон.
Оваа донација е исклучително важна, имајќи предвид дека досега оваа единица располагаше со дотраена опрема и возила, и ќе придонесе за безбедноста на граѓаните и за заштита на нашето природно богатство, шумите.
„Со заеднички сили, со поддршка од нашите меѓународни партнери и преку владините програми, континуирано вложуваме во подобрување на условите за живот во секоја општина и во секој сегмент“ објави вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.