Швајцарската полиција упаси македонски државјанин поврзан со Исламска држава
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2020
Македонски државјанин е уапсен за тероризам во Швајцарија.
Тројца државјани на Косово и еден македонски државјанин денеска се уапсени во Швајцарија под сомнение за тероризам, соопштија од Федералното Обвинителство, пренесува ин7.тв.
Тие се уапсени во кантонот Фрибург во Швајцарија.
Тројца од уапсените се мажи и една жена од Балканот. Лицата се поврзани со криминални дела за последните два месеци.
Тие се обвинети дека „поддржувале или учествувале во криминална организација“, каде што се споменуваат и терористичките групи Ал-Каеда и Исламската држава.
Сите четири уапсени лица се на возраст од 26 до 34 години.
Ова не е прв ваков случај. И претходните години се случуваше во странство македонски државјани да бидат уапсени поради врски со ИСИС.
Вакви апсења на наши државјани имало во Италија и Германија.