Силен земјотрес на два грчки острови
Објавено во: Балкан 25 Декември, 2017
Се стресоа два грчки острови.
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска имаше на грчките острови Лезбос и Хиос.
Оваа информација ја соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Епицентарот на потресот бил во заливот на градот Измир во Турција.Засега не е регистрирана материјална штета.
Земјотреси денеска имало и во Турција, Франција, Иран, Албанија, Крит, и на други место, но станува збор за послаби потреси.