12 Мај, 2024
0.0276

Силна економија и покрај тензиите со Вашингтон

Објавено во: Економија 18 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Економскиот раст на Кина е силен и во првиот квартал од 2018 година, поради инвестициите и забрзаната експанзија на електронската трговија.

Тој ги надминал очекувањата и прогнозите. Владата се бори да го одржи балансот со долговите, без да го наруши растот.

Кина забележа раст и покрај зголемувањето на трговските тензии со Вашингтон.

Втората најголема економија во светот порасна за 6,8 проценти во првите три месеци на годишно ниво, што е на ниво од претходниот квартал и незначително повеќе од вкупниот раст остварен во цела мината година од 6,9 проценти, покажаа денешните податоци на кинескиот Државен завод за статистика.

Зголемувањето на бруто домашниот производ (БДП) ја надмина официјалната цел на Владата за 2018 година од околу 6,5 проценти, пренесува агенцијата АП.

Економските аналитичари,  очекуваат ладење на растот во 2018 година затоа што Пекинг настојува да го ублажи растот на долгот со заострување на контролата во секторите за продажба на недвижнини и банкарското кредитирање во кое веќе долго се бележи вистински бум.

Прометот во малопродажбата е зголемен за 9,8 проценти во однос на декемвриското ниво од 9,4 проценти, додека прометот во електронската трговија скокнал за 35,4 проценти, што е за 3,3 проценти повеќе отколку во претходниот квартал.

Инвестициите во фабриките, во недвижнините и во останатиот имот скокнале за 7,5 проценти во однос на растот од 7,2 проценти во 2017 година.

Фабричкото производство во извештајниот квартал е зголемено за 6,8 проценти во однос на една година претходно.

Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно