Силна експлозија го стресе грчкиот Апелационен суд
Објавено во: Балкан 22 Декември, 2017
Рано изутринава одекна бомба во Апелацискиот суд во Атина.
Таа предизвикала сериозни оштетувања на зградата и на неколку објекти од околината, но не и човечки жртви.
Грчките медиуми јавуваат дека силната експлозија, предизвикала шок и вознемиреност меѓу жителите на Атина.
Полицијата со соопштение информира дека околу 02:50 часот по локално време, непознато лице се јавило во редакциите на „Весникот на уредниците“, и на „Зунгла“ со предупредување дека за околу 40 минути ќе експлодира бомба во зградата на Апелацискиот суд.
По ова, припадници на полицијата го блокирале реонот околу судот и целосно ја испразниле зградата.
Полицијата соопштува дека станува збор за „чин на тероризам“, без повеќе детали за причините за таквата оценка.
Од утрово на местото на експлозијата се води истрага за утврдување на видот на бомбата и за откривање на сторителите.