Синдикален одбор на ФЕНИ Индустри: Тасева земала 50.000 евра
Објавено во: Економија 18 Мај, 2018
Синдикалниот одбор на ФЕНи Индустри упати отворено писмо до претставничката на Транспаренски интернешнал - Скопје, Слаѓана Тасева, да се откаже од застапување на интересите на Кунико Ресурсис и од ревизија на стечајната постапка бидејќи сега тие земаат редовно плата во комбинатот и дека „не им е потребна нејзината помош“.
- Запрашана зошто не води истрага за тоа како „Фени“ дојде до стечај, земајќи во предвид дека токму виновникот за стечај е токму Кунико Рисорсис, изјавува дека тоа не е нејзина работа. Сметаме дека не доликува на компанија со репутација како вашата да води јавни битки во интерес на компанијата во сопственост на лица со крајно сомнителен бекграунд - велат тие во писмото.
„Загрижени сме од информациите дека токму госпоѓата Тасева се нудела како правен претставник и помагател на една од компаниите кои се вклуени во процесот на стечај за надомест од 50.000 евра и дополнителни средства по постапката“, додаваат од таму.