08 Мај, 2024
0.0236

СИНДИКАТОТ БАРА: Наместо кај газдите, државната помош од 14.500 денари да оди директно кај работниците

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Откако Владата одлучи дека мерката за државна помош од 14.500 денари за исплата на плати ќе продолжи и за јуни, од најголемиот синдикат во земјава бараат парите, наместо на газдите, да им се исплаќаат директно на работниците.

Сојузот на синдикатите веќе реагираше дека одредени газди кои добиле помош од 14.500 денари од државата за исплата на плати на вработените, не им ги исплатиле целосните плати на работниците, или воопшто не исплатиле плати.

„После реакицијата на ССМ, газди кои не исплатиле 14.500 денари на вработените за кои побарале и добиле помош, ќе треба да ги враќаат парите назад, заедно со камата“, велат од Синдикатот.

Затоа сега ССМ бара оваа помош да оди директно кај работниците. 

„Поттикнати од информациите за недостатоците и злоупотребите кои излегоа на виделина во изминатиот период, и по пријавите дека на работниците им исплаќа понизок износ на плата од она кое што го добиле како помош, а некои воопшто не исплатиле плати на работниците, за да се избегнат злоупотребите од страна на работодавачите, ССМ бара мерката да се продолжи, но субвенциите за јунската плата да се исплаќаат директно на сметките на работниците“, велат од синдикатот.

По укажувањето на ССМ за појави во одредени компании кога работодавачите иако добиле субвенции од државата, во висина од 14.500 денари по работник за исплата на платата, на работниците им исплаќаат понизок износ на плата од она кое што го добиле како помош, а има и такви компании кои иако земале државна помош, воопшто не исплатиле плати на работниците, Управата за јавни приходи информираше дека има постапка и се прават анализи на компаниите на кои им е исплатена финансиска поддршка и на податоците за пресметани и исплатени плати од нивна страна. За компаниите каде ќе бидат утврдени неправилности, УЈП по службена должност ќе ги достави податоците до Државниот инспекторат за труд и заеднички и координирано ќе постапува.

„Согласно член 6 од Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати, има обврска да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со камата согласно со Законот за даночната постапка, доколку по извршена контрола од страна на Управата за јавни приходи и/или Државниот инспекторат за труд се утврди дека работодавачот не ги исполнил условите од членот 3 став (5), членот 4 и ставот (2) на овој член од оваа уредба со законска сила“, потсетуваат од Синдикатот.

УЈП ќе почне со проверки за тоа дали е спроведена исплатата на  работниците кај сите компании кои добиле финансиска помош. До УЈП стигнуваат претставки за непочитување на оваа мерка. После реакцијата на ССМ, УЈП заедно со Трудовиот инспекторат ќе прават контроли во сите оние компании кои земале финансиска поддршка од 14.500 денари, а на работниците не им исплатиле ништо или им префрлиле помал износ од тој што го добиле.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување