09 Мај, 2024
0.0326

Синоќешните случувања во Скопје ги „вжештија“ грчките медиуми

Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Вчера главна вест во грчките медиуми беа случувањата во Скопје. Протестот за одбрана на името, запаленото грчко знаме, интервјуто на премиерот Зоран Заев и демантот од владата, добија сериозен третман во нивните медиуми. Беа присутни и во централните изданија на вестите на грчките телевизии, но и во онлајн изданијата на весниците, како и во информативните портали, јави дописникот на МИА од Атина.

„Протест на националисти во Скопје – го запалија грчкото знаме“; „Радикални Скопјани бараат итен прекин на преговорите во ОН“; „Скопје: радикализам од националисти – црвени линии од Заев“ се дел од насловите под кои грчките новинари ја објавија веста за протестот во Скопје.

„Голем број од демонстрантите имаа знамиња со сонцето од Вергина, додека, пак, некои од нив, го запалија грчкото знаме. Меѓу учесниците беа и митрополити од расколничката православна црква на ПЈРМ кои му се обратија на народот“, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Текстот во кој што пишува дека на протестот учествуваа околу 5.000 лица, кои побараа да нема никаква промена на уставното име и никаква измена во Уставот, беше превземен од речиси сите грчки медиуми.

Вчерашното интервју на премиерот Заев за Ројтерс, експресно беше пренесено од медиумите во Грција, но текстовите подоцна беа дополнети и со демантот од македонската влада.

„Многу зборови, малку дела од Заев“; „Владата на ПЈРМ демантира дел од изјавите на Заев за Ројтерс“; „Кои се предлозите на Заев за новото име на ПЈРМ“, се само дел од насловите во грчките медиуми во однос на интервјуто и демантот од владата.

„Зоран Заев во неговото последно интервју за Ројтерс, каде по објавувањето од неговиот кабинет побрзаа да ги разјаснат точките кои, како што рекоа, не беа пренесени точно, објасни дека единствено што прифаќа е сложено име со географска одредница. Освен тоа, ништо друго. Ниту разговара за промена на Уставот, подготвувајќи терен за двојна формула, ниту разговара за било што, што го допира идентитетот на народот на неговата земја“, пишува CNN.gr.

„Владата на ПЈРМ категорично демантираше дека премиерот на земјата, Зоран Заев, во неговото интервју за Ројтерс, рече дека ПЈРМ е подготвена да направи некоја промена на Уставот. Премиерот, како што е објаснето, говорел за некоја промена на името, а не на Уставот“, објави грчката новинска агенција.

Грчките медиуми, јавува дописникот на МИА од Атина, коментираат дека и двете страни не отстапуваат од „црвените линии“, а со тоа разликите за одредени точки и прашања меѓу Скопје и Атина сѐ уште не се надминати. Како главен пример, се споменува барањето на Грција за промена на македонскиот Устав и ставот на Македонија дека не се потребни измени.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?