Сириски бегалец врати 50.000 eвра на Германка
Објавено во: Свет 19 Декември, 2016
Бегалец од Сирија врати 50 000 евра и три штедни книшки кои германска државјанка ги заборавила во стара гардероба, пренесе ДПА.
Муханад Муса избегал од војната во Сирија и добил статус на бегалец во Германија. Во Сирија тој ги оставил родителите и тројцата помали браќа. Пристигнал во Европа со гумени чамци во Средоземното Море, а потоа ги преминал балканските држави и конечно стигнал во Германија, каде што аплицирал за бегалски статус и го добил, пренесе Дарик.
Муса почнал нов живот во северозападниот град Минден. Со малкуте пари кои му останале од ова патување, тој купил од пазар стара гардероба. Кога го однесе во живеалиштето, утврдил дека во долниот дел имало двојно дно. Внатре открил плик со 50 000 евра и три штедни книшки во кои сумите биле двојно повеќе од парите во ковертот.
Парите ги вратил, а сопственичката му платила часови за да добие возачка дозвола.